Живот и стил

Ова е најздравиот појадок кој што постои – ги чисти цревата, дава чувство на ситост, а може да се јаде на многу начини

Ова е најздравиот појадок кој што постои – ги чисти цревата, дава чувство на ситост, а може да се јаде на многу начини

Пченкарното брашно или гризот позитивно влијаат на општото здравје на луѓето. Палентата не содржи глутен, па со години се препорачува на оние кои се чувствителни на глутен, заситува и е одлична за луѓето на различни возрасти.

Се верува дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а докторите ширум светот се согласни дека ова е најздрава варијанта со која треба да го започнете денот.

Палентата е совршен оброк за појадок затоа што е лесен, дава сила и чувство на ситост за напорниот дел од денот . Иако некогаш често била на трпезите, сега е малку заборавена намирница, но никогаш не е доцна повторно да ја сместите на вашето мени.

Таа претставува многу здрава намирница која се прави од пченкарен гриз, а може да ја најдете и во ќесички и во разни пакувања, исто така се подготвува на најразлични начини.

Пченкарното брашно или гризот позитивно влијае на општото здравје на луѓето, не содржи глутен и е одлична за јадење.

Таа содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму тие здрави масти се заслужни за подобро функционирање на нашите црева. Пченката исто така содржи голема количина фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката, палентата има малку калории, па е идеален оброк и за слабеење. Една од најдобрите и најефикасни намирници кои се препорачува за консумирање затоа што се подготвува брзо и лесно, а вкусот е многу пријатен и благ, заситува и не создава чувство на тежина во стомакот.

Палентата треба да ја консумирате барем еднаш неделно затоа што ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот, а целосно е непотребно да се зборува колку е поздрава од печивата кои ги купувате во пекарница.

За една порција ставете два децилитри вода да зоврие, ставете пола лажичка сол и лажичка масло. Кога водата ќе зоврие, тргнете го тенџерето од рингла и измешајте ја. Во неа може да додадете сирење, кајмак, ленено семе, ајвар, а може да ја изедете со чаша топло млеко.

фото:You tube printscreen/ RIZNICA TAJNI

извор:точка.ком.мк

To top