Живот и стил

Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите

Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите

Науката откри нов дел од имунолошкиот систем којшто може да биде клучен во борбата против бактериските инфекции и отпорноста на антибиотици, објавија истражувачи од Израел.

Научниот труд објавен во списанието „Нејчр“ (Nature) открива дека овој протеазом кој што е комплекс од ензими присутен во секоја клетка на телото, има досега неоткриена и непозната функција – освен што ги разградува старите протеини, може да произведе моќни молекули што ги уништуваат бактериите.

Професорот Јифат Мербл од Институтот за наука „Вајцман“ вели дека ова е револуционерно откритие, бидејќи го менува разбирањето за тоа како телото се штити од инфекции.

фото:Freepik

To top