Почитувани,
Поради ужасната трагедија во Кочани, Ве известуваме дека трите распродадени концерти на Здравко Чолиќ се одложени за 2-ри, 3-ти и 4-ти ЈУНИ 2025 година, во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.
Сите влезници важат соодветно за новите термини и истите не треба да се заменуваат. За оние на кои оваа промена не им одговара, ќе биде овозможена рефундација на билетите, за што треба да испратат барање, од 26-ти март до 6-ти април, на и-мејл: kliment@password.mk .
Бидејќи со оваа промена и третиот концерт ќе се одржува во арената „Борис Трајковски“, наместо во СЦ „Јане Сандански“, поради поголемиот капацитет на салата се отвора можност за дополнителни билети, достапни во продажба на: https://mktickets.mk/event/zc3/
Во знак на поддршка и помош на семејствата на настраданите и повредените, дел од средствата од овие концерти ќе бидат донирани за нив.
Ви благодариме за разбирањето.
Со почит,
МкТикетс.