Живот и стил

Ослободете се од стресот, ќе ви помогнат овие три совети

Ослободете се од стресот, ќе ви помогнат овие три совети

Три најважни антистрес совети:

1.Посветете се на само на една работа

Работете едно по едно и посветете се на задачата на која работите. И предајте се целосно додека не ја завршите. И така списокот на она што мора да се направи никогаш не престанува.

2.Ослободете се од идеализирање

Стресот не го прават надворешните фактори, работата или проблемите во семејството, тие се само дел од нашиот живот. Стравот го произведува стресот. Страв од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, страв дека некој ќе не остави…

Коренот на стравот лежи во идеалот кој сами го креираме и потоа се плашиме дека нема да може да го достигнеме. Во главата ја гледаме само сликата за успешен и совршен себе, опкружен со слични луѓе, кој постојано ужива. Кога ќе сфатиме дека тоа е невозможно, тогаш сме повредени.

Останува само стресот кој се родил додека сме се грижеле дали сме го достигнале идеалот на успехот. Наместо да си нанесуваме болка, да ја прифатиме неизвесноста и да веруваме дека ќе биде добро. Помалку ќе се плашиме, а стресот ќе се намали.

3. Прифатете ги другите со насмевка

Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат така како што мислиме дека треба. Наместо да се вознемируваме, треба да се обидеме да ги прифатиме другите.

Ако ги прифатиме, во нив ќе препознаеме дел од себе – несовршени, во потрага по среќата, во борба со среќата…Затоа прифатете ги од срце, уживајте во времето поминато со нив и ќе бидете посреќни, а помалку под стрес.

фото:Freepik

To top