Постои едно место на телото што повеќето луѓе не го мијат.
На почетокот можеби сте помислиле дека сите што се тушираат (или барем повеќето луѓе) го прескокнуваат триењето на просторот меѓу прстите со сапун. Но, овој пат не станува збор за тоа. Станува збор за нешто уште посуптилно, а дерматолозите предупредуваат: занемарувањето на тој дел може сериозно да ја наруши вашата хигиена.
Според дерматологот д-р Роџер Капур од американската клиника „Белоит Хелт Систем“, едно од најзанемарените места на телото е пределот зад ушите, каде што увото се спојува со темето.
„Секогаш препорачувам луѓето да бидат темелни кога го мијат тој дел од кожата “, вели д-р Капур. „Тоа е место каде што лесно се собира масло, нечистотија и мртви клетки, и речиси никој не го допира“, додава тој.
Што се случува ако кожата зад ушите не се измие?
– Инфекции
Бактериите сакаат скриени, влажни места. Ако имате мали гребнатини, како оние од пирсинг, местото може да стане влезна точка за инфекции, а во ретки случаи, дури и да доведе до сепса.
– Егзема и иритации
Топлината, потта и себумот создаваат идеална почва за размножување на бактерии и габи. Резултатот? Чешање, црвенило, лупење, токму таму каде што најмалку ви треба непријатност.
– Акни и мозолчиња
Затнатите пори зад ушите можат да предизвикаат непријатни осипи што ниеден филтер не може да ги скрие.
Како да се измие тој дел?
Можеби мислите дека го решавате проблемот кога ја миете косата со шампон . Но, како што предупредува д-р Капур, шампонот премногу брзо се лизга по кожата и не прави доволен контакт за ефикасно чистење на местото. Наместо тоа, користете нежен гел за туширање и со прстите измијте го целното место зад ушите со нежно триење.
Вашиот омилен моден додаток исто така може да биде извор на проблеми. Крилата на очилата што лежат во тоа место лесно пренесуваат нечистотии. Решението? Редовна дезинфекција на рамката, барем на оние делови што доаѓаат во контакт со кожата.
Следниот пат кога ќе влезете под туш, поминете уште пет секунди на пределот зад ушите. Вашето тело и луѓето околу вас ќе ви бидат благодарни. Ако носите слушалки, обетки или капи, ова правило важи уште повеќе, хигиената на тие мали „невидливи“ области прави голема разлика во секојдневната нега на кожата.
извор:popara.mk
фото:Freepik







