Манекенката и сопруга на српскиот репрезентативец Предраг Рајковиќ, Ана Рајковиќ се породи.
Таа и нејзиниот сопруг веќе имаат два сина, Реља и Тадеј.
Среќната вест ја споделија на Инстаграм, а честитките само продолжија.
View this post on Instagram
Тие добија ќерка и и дадоа име Нора.
Инаку, името Нора е едно од оние имиња што сега станува се позастапено. Ова име потекнува од север, каде што било популарно на крајот на 18 век. Станува збор за скратена верзија на името Елеонора или од машкиот род Норберт, што во превод значи „сјај од север“.
фото: printscreen/instagram