Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одмара на море по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз.
Прво отиде во Црна Гора, а неодамна уживаше во Хрватска, на Корчула, каде посети ексклузивен морски ресторан.
Сопствениците беа воодушевени што беа домаќини на толку почитуван спортист, па веднаш на Инстаграм споделија фотографија на која Новак позира со главниот готвач. Инаку, ресторанот што го посети Ноле има едно од најскапите јадења на менито.
Станува збор за тестенина со јастог на бузара, чија цена е 193 евра, пишува Нова.
Инаку, Новак Ѓоковиќ е фотографиран на хрватското приморје како ужива на јахта. Најдобриот тенисер на сите времиња испил шампањ, а потоа скокнал во морето за да се разлади, како што може да се види на видеото кое се појави на социјалната мрежа „Х“.
🍾🥇
Sun, water, fun 🇭🇷 🌊 @DjokerNole ⛵️ ☀️ 🏊♂️ pic.twitter.com/ZjhePhzjj2
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) August 11, 2024
Новак, според се, не престанува да го слави златниот медал освоен на Олимписките игри и ужива во заслужениот голем успех.