Две соби долу, две горе. Дејвид Боуви го поминал своето детство во скромна куќа во лондонската населба Бромли, како и многу други, но меѓу тие ѕидови е напишана музичка историја.
Куќата во јужен Лондон на адреса Плаистоу Гроув број 4, Бромли, каде што Боуви живеел од осум до дваесет години, е преземена од Фондацијата „Наследство на Лондон“ и моментално е во процес на реставрација, со цел да се отвори за јавноста во 2027 година, според потврдениот Инстаграм профил на музичарот кој почина во 2016 година.
Ќе биде реставрирана во својот изглед од почетокот на 1960-тите, а никогаш порано невидените архиви ќе помогнат да се рекреира внатрешниот распоред каков што бил кога Боуви живеел таму.
Џефри Марш, кокуратор на изложбата за Дејвид Боуви во музејот Викторија и Алберт, рече дека малата куќа е местото каде што музичарот се претворил од „едноставен ученик од предградието“ во музичар кој постигнал „меѓународна слава“.
Терасестата куќа е првенствено наменета за млади луѓе. Во иднина ќе биде домаќин на креативни работилници, велат оние што се одговорни за наследството на музичарот, и се надеваат дека домот на големиот музичар ќе послужи како инспирација. Целта на верната реставрација на куќата на Боуви е да се создаде „импресивно искуство“ и да се воведат посетителите во светот на младиот Дејвид.

Тој еднаш ја опиша својата спална соба од детството, која беше помала од девет квадратни метри (100 квадратни стапки), како негов „цел свет“.
„Поминував толку многу време во мојата спална соба, тоа беше навистина целиот мој свет, имав книги горе, мојата музика, мојот грамофон, а за да излезам од мојот свет долу на улица, морав да поминам низ оваа ничија земја на дневна соба“, рече еднаш Боуви.
Џорџ Андервуд, музичар и близок пријател на Боуви, рече дека тие „поминувале толку многу време заедно, слушајќи и свирејќи музика. Многу луѓе рекле дека музиката на Дејвид ги спасила или им го променила животот. Неверојатно е што тој имал такво влијание врз луѓето, а уште поневеројатно е што сè започнало токму тука, во оваа куќа“.
Фондацијата „Наследство на Лондон“ објави дека сака куќата да го продолжи наследството на Боуви за „слободно креативно експериментирање“.
Foto: printscreen/instgaram/davidbowie