Познатиот германски супермодел Хајди Клум (51) го украде целото внимание на прославата пред доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес во мини фустан со животински принт.
Супермоделот Хајди Клум изгледаше сензационално во светкав златен мини фустан со животински принт во кафена и црна боја.
Овој атрактивен модел на фустан одлично ги истакна нејзините бескрајно долги и витки нозе. Краткиот фустан кој за оваа пригода го избра еден од најбараните модели има големи исечоци кои ги открија страните на голите гради на Хајди и нејзините затегнати раце.
Хајди во елегантен стил ја пушти својата руса коса слободно да паѓа одзади, а стајлингот го заокружи со црни високи потпетици со отворени прсти и чанта со писмо, исто така во црна боја.
View this post on Instagram
Неверојатното издание на Хајди Клум доаѓа откако таа го прослави 19-тиот роденден на нејзиниот најстар син Анри.
Познатата манекенка пред неколку дена беше во „street style“ издание во парче облека кое ќе биде хит наесен, а кое е идеално за сите пригоди.
фото: printscreen/instgaram/heidiklum