Флертувањето за многу мажи е вистинска уметност, па затоа често смислуваат разни тактики за да го освојат срцето на дамата што ја сакаат.
Но, жените се многу скептични кога станува збор за мажите и нивното флертување. И вистина е, понекогаш е навистина тешко да се прочитаат машките сигнали и со сигурност да се каже: „Да, му се допаѓам“. Сепак, постојат неколку знаци што треба да ги препознаете за да не ги отпишете како обична учтивост.
1. Постојано ви се насмевнува.
Еден од првите знаци на неговиот интерес е насмевката. Ако некој маж повремено ве гледа и слатко се насмевнува, тоа може да биде сигнал дека сака да воспостави контакт со вас и да ви се доближи.
2. Случајните допири се знак на привлечност
Невербалниот говор на телото понекогаш зборува погласно од зборовите. Ако често ве допира за време на разговор, постои можност да е заљубен во вас.
Дури и кога овие допири изгледаат рефлексивни и помалку важни, тие се токму она што укажува дека постои привлечност.
3. Секогаш е во близина.
Мажот кој флертува со вас секогаш ќе најде изговор и начин да биде во ваша близина. Ако не може физички да биде со вас, телефонот ќе ви се загрее од постојани повици и пораки.
Извор: Попара