Момците од „Дрим тим“ синоќа во присуство на бројни колеги, соработници, медиуми… го промовираа својот нов музички проект со наслов „Дрим тим и пријателите“, кој го означува јубилејното заокружување на 25 години од постоењето на групата.
На промоцијата, во емотивна атмосфера, членовите на „Дрим тим“ потсетија дека проектот требало да биде претставен порано, но заради трагедијата во Кочани истата се одложила, па во знак на почит, вечерта започна со минутa аплауз за сите починати колеги и жртви од трагедијата.
„Овој проект ни значи многу повеќе од само музика. Тој е дел од нашето срце и претставува заокружување на еден долг пат — 25 години музика, сцени, пријателства и љубов“, истакнаа од групата.
На новиот проект соработуваат со некои од најпознатите имиња на македонската естрада: Миле Кузмановски,
Наум Петрески, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукуќ, Дац и Александар, Дани, Полина, Сузана Гавазова и Ѓоко Таневски, кои со својата енергија и емоција придонесуваат за создавање на едно искрено музичко издание полно со македонски дух.
„Им благодариме на сите кои беа дел од ова 25-годишно патување, на колегите, пријателите, публиката и медиумите. Вашата поддршка ни дава сила да продолжиме да создаваме музика што ја сакаме“, порачаа членовите на „Дрим тим“ и посакаа убави мигови додека се слуша убавата македонска песна која е вткаена во речиси двочасовниот проект, кој на едно место ги има собрано поголемите домашни фолк и поп хитови.
фото:приватна архива/дрим тим







