Ви треба:
600 гр њоки
600 гр домати
300 гр чадена сланина
1 главица кромид
1 чешне лук
2 супени лажици маслиново масло
сол
бибер
Подготовка:
Сланината исечкајте ја на ситни коцки и пропржете ја на масло. Потоа се додаваат ситно сечканиот кромид, сечканиот лук и исчистениот и сечкан домат. Зачинете, посолете, додадете босилек и сè динстајте околу 10 минути. Готовиот сос измешајте го со сварените њоки.
Добар апетит!
Извор: Попара