Радио Милева Од идниот сопруг

„Не ми требаат дијаманти“ – Маја Николиќ доби веренички прстен од пластика

„Не ми требаат дијаманти“ – Маја Николиќ доби веренички прстен од пластика

Маја Николиќ повторно е во центарот на вниманието, овој пат поради добри вести од нејзиниот приватен живот, но и поради низа искрени и нескриени мислења за нејзините колеги и забавната индустрија.

Во интервју за емисијата „Stars Special“, пејачката потврди дека ја пронашла љубовта на својот живот и наскоро планира свадба.

– Вереничкиот прстен е прекрасен и фантастичен, иако е направен од пластика. Не ми требаат дијаманти кога имам маж кој има срце како дијамант. Љубовта е света – рече Маја.

Таа додава дека не планира да носи скап накит дури ни по бракот, бидејќи, како што вели, суштината на врската не е во вредноста на прстенот, туку во емоциите зад него.

– Го најдов вистинскиот маж. Убав, згоден, моќен, висок, успешен, на мои години. Никогаш не сум ги сакала помладите мажи и тоа нема да се промени. Им се извинувам на младите, но едноставно не е мој избор.

Николиќ, исто така, откри дека се грижи за приватноста и дека нејзиниот избраник не е дел од јавниот живот и не сака медиумско експонирање.

фото: print screen/Instagram/majanikolic_official

To top