Двата поими кои веројатно ги слушаме и среќаваме секојдневно, а ретко кој ја знае границата и разликата.
Дали сте анксиозни или депресивни? А, можеби ниту едното, ниту другото, туку само минувате низ тешка моментална ситуација?
Иако и двете состојби се третираат како нарушување на менталното здравје, сепак двете се комплетно различни по интензитет и по симптомите.
Како да разликувате анксиозност од депресија?
Карактеристики на анксиозноста:
Грижа и нервоза поврзана со иднината и претпоставки околу тоа што може да се случи во иднина.
Редовни мисли за работите кои може да тргнат наопаку.
Чувство како да сакате да избегате од ситуацијата.
Нема суицидални мисли.
Но, има симптоми како тресење, потење и потреба физички да се напушти просторот.
Води до изолација или избегнување на работата или луѓето.
Потешкотии при заспивање и недостаток на концентрација.
Нема потреба од себе-повредување или деструктивно однесување.
Примарно се карактеризира со страв.
Карактеристики на депресијата:
Чувство на изразена тага кога размислувате за животот во сегашноста или иднината.
Недостаток на мисли кои вклучуваат барем мал процент на надеж и оптимизам.
Свесност дека се случува нешто негативно, но недостаток на желба нешто да се преземе.
Можни се суидицални мисли.
Недостаток на енергија и мотивација да се преземе нешто.
Губење на интерес за повеќето активности во текот на денот.
Нагли осцилации со премалку или премногу спиење, за разлика од останатите денови.
Можни се нагони за себе-повредување и деструктивно однесување.
Примарно се карактеризира со долгорочна тага.
Извор: Попара