Сара Роуз Хенбери (40), очигледно сака да биде исклучена од љубовниот триаголник во којшто се наоѓа со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Со оглед на тоа дека не престануваат шпекулациите за нејзината афера со Вилијам, а деновиве Кејт била забележана во продавница со сопругот, Сара Роуз по тој повод се огласила.
„Приказните се целосно невистинити“, изјавила таа преку своите адвокати уште во саботата, на 16 март. Таа негирала дека принцезата од Велс исчезнала од јавноста поради тоа што дознала дека Сара Роуз и принцот имале многу близок однос.
Водителот Стивен Колберт во својата емисија „The Late Show Stephen Colbert“ изјавил:
„Се плашам дека имам сериозни вести за британското кралско семејство. Интернет детективите нагодуваат дека отсутноста на Кејт има врска со нејзиниот сопруг, идниот крал на Велика Британија, Вилијам, којшто има афера. Мислам дека сите знаеме која е втората наводна жена, изговорете заедно со мене, маркизата од Чолмондели (титулата на Сара Роуз Хенбери). Имаше приказни дека аферата меѓу Вилијам и неа започнала во 2019 година.
Доколку судиме според таблоидите, тогаш Кејт се соочила со тоа, на што тој се насмеал и рекол дека меѓу нив нема ништо“, изјавил Колберт.
Кенсингтонската палата ништо не коментирала за наводната афера. Хенбери е поврзана со кралското семејство со години, била и на венчавката на Кејт и Вилијам во 2011 година, како и на погребот на Филип во 2021 година. Поранешната манекенка се венчала со Дејвид Чолмондели во 2009 година.
„Кејт смета дека тие гласини се штетни, смета дека помислата на тоа што еден ден нејзините деца ќе читаат на интернет е многу лоша“, изјавил извор близок до кралското семејство.
фото:You Tube printscreen/ Murad Merali