Мегафон хармонична комбинација

Националниот Џез Оркестар и Курт Елинг направија спектакуларна изведба  и ја воодушевија македонската публика (видео)  

Националниот Џез Оркестар и Курт Елинг направија спектакуларна изведба  и ја воодушевија македонската публика (видео)  

Во Македонскиот Народен театар вчера, 15. мај, се случи очекуваниот концерт на Националниот Џез Оркестар кој настапи заедно со еден од најдобрите машки џез вокали на сите времиња  Курт Елинг.

Националниот Џез Оркестар уште еднаш докажаа дека соништата можат да се остварат ако верувате во себе и одите кон својата цел. 

Сите до еден настапија со голем ентузијазам и професионално ја споделија својата креативност и талент со публиката. 

Концертот се покажа како многу спектакуларен и дефинитивно незаборавен под водство на диригентската палка на Џијан Емин.

Репертоарот на нумерите кои ги подготвиле заедно со двократниот добитник на греми наградата, Курт Елинг, изобилуваше со брилијантни изведби па благодарение на тоа ниту еден  гледач , љубител на џезот не остана рамнодушен. 

Музичарите сите до еден заедно со неспоредливиот Елинг  беа на врвот. Многу хармоничната комбинација меѓу гласот на Курт и џезерите звучеше беспрекорно, за што сите беа благодарни.

Присутните уживаа се до заокрушувањето на настапот кој не беше планиран, бидејќи  успеаја да ги вратат на сцената дури три пати со громогласниот аплауз и да ја израдуваат публиката. 

Светската ѕвезда Курт Елинг имаше интеракција со публиката пред секоја изведба на новата нумера, каде најпрво ги најавуваше со име и презиме членовите на Џез Оркестарот, а во една таква прилика изјави  дека е ова убав, личен бенд со кој би сакал да има турнеја. За македонската публиката заклучи дека  е многу љубезна, по што некој од публиката му довикна: „И вие сте љубезен исто така“, на што џез пејачот духовито возврати: „Морам… така ми стои во договорот“!

Реакции по настапот имаше и на социјалните мрежи Инстаграм бидејќи навистина звучеше светски. Една од воодушевените беше и познатата  македонска поп пејачка и харфистка Сара Мејс  која несебично сподели дел од атмосферата.

Инаку, прво претставување на Националниот Џез Оркестар, надвор од Македонија беше пред неколку дена во Тирана, а  таму младите музичари  во својот репертоар имаа различни стилови, почнувајќи од класичен џез, преку свинг, би бап, па се до композиции од ,,Леб и Сол.

Оттаму изјавија дека иако оркестарот нема поминато ниту една година од неговото формирање до денес,  ви се чини како да постои десетици години.

 

фото: printskrin/instagram/sarahmace__/Facebook/Национален џез оркестар / National Jazz Orchestra

To top