Радио Милева 240 прасиња...

Натпреварувачот во „Никогаш не е доцна“ го шокираше жирито: Се женел дури 24 пати, а од другарите секогаш добивал ист свадбен подарок“ (ФОТО)

Натпреварувачот во „Никогаш не е доцна“ го шокираше жирито: Се женел дури 24 пати, а од другарите секогаш добивал ист свадбен подарок“ (ФОТО)

Бранко Маринковиќ Лалиќ (72) од Вуковар донесе талент, ведрина и шарм во шоуто „Никогаш не е доцна“ оваа недела. Зборовите дека „го задржал детето во себе“ и во осмата деценија од животот ги оправда со своето појавување на ова натпреварување, каде ја покажа својата духовитост, хиперактивност и пред се љубовта кон музиката.

Во животот се занимавал со разни професии и спортови, а тврди дека поминал низ секакви работи и накрајот не направил ништо. Тој живее со сопругата Јованка и нејзиниот син, додека неговиот миленик Александар живее на Исланд со семејството, поради што Бранко е горд дедо на четири внуци.

„Јас сум многу задоволен човек, дојдов од мало место, се’ имам видено и поминато, немам што повеќе да барам што би рекле“ – рече натпреварувачот. Но, во биографијата изостави една важна работа што не пропушти да ја каже Жика Јакшиќ, а тоа е дека се женел верувале или не, дури дваесет и четири пати, што го потврдил и неговиот пријател кој дошол со него како поддршка.

„Ние во бендот тогаш се договоривме како деца, ергени, кој ќе се ожени да добие десет прасиња на подарок. Значи ние до сега му купивме 240 прасиња, тој од кого ги купивме кога ќе не види само прашува: „Што е, пак ли се жени?“. Секогаш кога се женел имало и свадба со сите адети, се по ред“ – открил пријател. По оваа приказна, натпреварувачот зажали што го донел дотичниот пријател во емисијата, бидејќи очигледно не и ја кажал правата вистина на сегашната сопруга.

„Ќе се враќаш ти пеш до Вуковар, гледам јас“ – му рекол Бранко на пријателот за поддршка.

Инаку Бранко за својот прв настап во музичкото шоу за ветерани ја одбра песната „Ти си све што имам“ од Недељко Билкиќ, која  и ја посвети на својата сегашна сопруга Јованка, која го следеше на дома крај ТВ екранот.

Фото: Јутјуб/„Никогаш не е доцна“ -принтскрин

To top