Ќерката на пејачката Гоца Тржан, Лена Маринковиќ вчера го прослави својот 18 роденден.
Роденденската забава на Лена беше организирана во луксузен ресторан во центарот на Белград, каде што се собраа најблиските членови на семејството, пријатели и бројни гости од светот на шоу-бизнисот.

Пејачката и нејзиниот партнер, Раша Новаковиќ, ја испланирале прославата до најмалиот детаљ и се погрижиле на славеничката да и ги исполнат сите нејзини желби.
– Ја исполнив нејзината желба, ќе и дојде Милица Павловиќ да отпее неколку песни, но и Тања Савиќ, а го очекуваме и Лексингтон Бенд – рече Тржано пред членовите на седмата сила.
За оваа пригода, Тржано носела долг, розов фустан, кој се проширува од половината и паѓаше рамно, додека од друга страна, Лена носела тесен, чипкаст, бел фустан со долги ракави. Она што им го привлече вниманието на сите било дека Лена била точно иста како нејзината мајка.
фото: printscreen/instgaram





