Радио Милева Среќна роденденка

Наследничката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни една година (фото)

Наследничката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни една година (фото)

Македонската актерка Емра Куртишова попозната како Исаура од улогата во популарната серијата „Преспав“, пред една година се оствари во улога на мајка.

Емра  на свет ја донесе својата ќерка,  а заедно со  нејзиниот сакан сопруг и колега Петар Стојанов на девојчето му го дадоа името Лена.

Оттогаш  малата наследничка е во центарот на нивното внимание, а за разлика од повеќето познати  личности , Емра и  Петар  веднаш и ја претставија на јавноста.

Тие и двајцата сакаат обожавателите да ја видат нивната  среќа  и убавите моменти со неа па така беше и овој пат.

Имено, Лена сега  наполни една годинка, а актерката на Инстаграм се пофали со фотографија од славеничката.

Подоцна и Петар се огласи на социјалната мрежа и покажа дел од забавата која  ја приредиле по повод нејзиниот роденден.

Инаку, Лена иако е мала таа веќе се најде на филмското платно. Гордата мајка еднаш сподели  кадри од филмот „Недела“  за Џеј Рамадановски и напиша дека Лена е мала актерка, а камерата не и е туѓа.

 

To top