Зоран Рудан Цеки, фронтменот на македонската група „Бело Копче“, трибјут „Бијело дугме“, низ три кола донесе вистински рок спектакл во „Никогаш не е доцна“. Освен со пеењето, тој ги воодушеви публиката и жирито со своите енергични настапи, но и со изборот на гардероба и необичниот стајлинг.

Јелена Томашевиќ не го криеше своето восхитување од Зоран, која гледајќи ја ретроспективата на неговите настапи, можеше да заклучи дека Зоран се однесува и изгледа како вистинска рок ѕвезда.

„Не познавам никого од Македонија што не знае да пее, но вашите настапи се како концерти“ – го пофали Јелена.
Во четвртата рунда, Зоран се одлучи за малку помирна и поемотивна песна од сите претходни, а совршено го изведе хитот на Џибони „Либар“.

Жика Јакшиќ зборуваше пред жирито по настапот на Цеки, воодушевен од она што го слушна и виде.
„О каков настан, цело време додека пееше ги гледав сите околу мене, сите заедно уживавме. Извонреден момент кога музиката се претвора во уметност, а вие донесовте извонредна интерпретација. Секако, пофалби за оркестарот и за овие девојки за пеењето на придружбата“ – рече Жика.

Јелена Томашевиќ додаде дека ќе го следи текот на кариерата на Цеки и дека му посакува одлична иднина и големи хитови.
„И секако, да имате свои соло концерти“ – беше искрена, а потоа од неа Цеки доби понуда што не се одбива, иако… за жал, малку задоцнета. Или можеби не?

„Имав концерт на 8-ми март во Скопје, и да те сретнев претходно, ќе те поканев да ми бидеш специјален гостин. Но, никогаш не е предоцна, затоа ќе ти се јавам следниот пат“.

На овој нејзин коментар Жика Јакшиќ се надоврза дека Цеки е и кантавтор, па би било интересно да напише една дует песна за него и Јелена, зашто смета дека нивните гласови совршено би се вкомпонирале и вклопиле.

Вториот дел од шоуто односно ревијалниот дел им донесе многу спомени на сите што живееле во времето кога е создаден хитот „Принцеза“, кој Цеки го изведе со Вања Мијатовиќ.
„Ќе ги симнам очилата за да бидам како Дадо Топиќ“ – се пошегува нашиот натпреварувач кој и овој пат брилјираше на сцената во регионалноиот музички натпревар за повозрасни.

Неговиот настап погледнете го во видеото во продолжение на 1 час и 35 минути:
Фото и видео: Јутјуб/Nikad Nije Kasno – Cela emisija 34 – 11.05.2025.







