Радио Милева горда на синот

„Напред шампионе!“: Цеца Ражнатовиќ му ја честиташе победата на Вељко со  емотивни зборови (фото)

„Напред шампионе!“: Цеца Ражнатовиќ му ја честиташе победата на Вељко со  емотивни зборови (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на својот наследник  Вељко му ја честиташе победата на Европското првенство во бокс.

Првата сесија од четвртиот ден на Европското првенство во бокс ја одбележаа двајца српски претставници – Вељко Ражнатовиќ и Вахид Абасов, кои победија за Србија.

По големата борба, Вељко изјави:

– Беше доста чуден противник, се обидуваше да ми постави неколку замки, но не му дозволив да ме помине. Се обиде да ме јавне по што го соборив и добив опомена од судијата. Ова е нашиот ринг, ова е Србија и мораме да се покажеме во најдобро светло. Публиката многу ми помогна бидејќи ме бодреше максимално. Би сакал прво да му се заблагодарам на Бога што ми даде сила, а потоа и на сите што ми дадоа шанса да се покажам. Ви давам збор дека ќе го земам медалот за Србија, не знам каква боја ќе биде, но ќе го освојам. Ги повикувам сите луѓе да дојдат да не бодрат и да бидат сведоци на пишувањето на историјата – изјави српскиот боксерски репрезентативец Вељко Ражнатовиќ, кој стигна до триумфот над Естонецот Ас Стивен.

Многумина му ја честитаа победата, но и неговата најголема поддршка, мајката Светлана Цеца Ражнатовиќ. Колку е горда на него покажа и во објавите на Инстаграм. Цеца сподели неколку снимки од мечот, со порака: „Победа“ и „Само напред шампионе!“.

фото: printskrin/instgaram/cecaraznatovic

To top