Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи тие се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат пет намирници за да се одржи нормалната работа на бубрезите.
Премногу сол е штетна за срцето. Иако солта, за разлика од додадениот шеќер, е неопходна за здраво функционирање на организмот бидејќи учествува во повеќе процеси, прекумерното консумирање сол може да биде штетно за срцето. Се препорачува умерен внос на сол.
И црвеното месо треба да се јаде не повеќе од 2-3 пати неделно. Камењата во бубрезите се една од компликациите кои можат да настанат како резултат на претерување со црвено месо.
Вештачките засладувачи како замена за шеќерот може да доведат до разни компликации, особено за бубрезите. Затоа, најдобро е целосно да се избегнуваат преработени слатки.
Намалувањето на алкохолот е добро и за бубрезите и за црниот дроб. Тоа има бројни придобивки за човечкото тело.
Кафето, т.е кофеинот е „отров“ кој се филтрира преку бубрезите. Не претерувајте со консумирање кафе, особено ако имате семејна историја на бубрежни заболувања.
Извор: Курир