Живот и стил

Најубавите колачиња со лимон: Неодолив слатко-кисел спој кој ќе ги воодушеви сите

Најубавите колачиња со лимон: Неодолив слатко-кисел спој кој ќе ги воодушеви сите

Состојки:

250 гр омекнат путер
100 гр шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажички мед
1 лажица рендана кора од лимон
прстофат сол
500 гр брашно
1/4 лажичка прашок за пециво
4 супени лажици сок од лимон
2 кесички ванилин шеќер за посипување

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете го путерот со шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и медот. Замесете мазно тесто, па завиткајте го во кеса и оставете го во фрижидер еден час. Тестото се замесува кратко без да се додаде брашно. Расукајте на набрашнета работна површина до дебелина од 5мм. Исечете форми по желба. Непечените колачиња премачкајте ги со малку вода и посипете ги со ванилин шеќер. Печете ги колачињата 12 до 13 минути во рерна загреана на 180 степени, додека не поруменат.

Извор: Попара

To top