Веројатно секој од нас се нашол во муабетот дека не може да се прави ништо на овие афричко пеколни температури.
Најдобро е некако во комфорна зона под клима, освежителен пијалок и умствена активност која би не опуштила и релаксирала, секако сето ова како опција во можност. За жал не баш секој може да го има и да си го дозволи овој благодет, чека работа и тон обврски на кои баш им е гајле за пеклот- снајди се па живеј.
ТВ водителката Снеже Велков во ниеден случај не би можела да се откаже од својата дневна рутина, па надвор и да врне и да вее, студ да има или пеколно сонце да грее, Снеже мора да извежба.
View this post on Instagram
Вежбање и жешко некако не оди, ама кога се сака се’ се може, па Снеже е ранобудник.
Утринските часови се најпријатни, а тогаш е идеалното време за вежбање и возење велосипед.
„Ладничко“ напиша таа во описот на објавата каде насмеана го вози велосипедот низ Скопје.
Насмевка и позитивна енергија, а на крај со извозени 21 километар, сатисфакцијата е на ниво, а денот само што почнал.
Снеже е вистински мотиватор за оние на кои им се смачи да се кријат, вистинското време е она нејзиното- во шест наутро!
фото:Instagram printscreen/ velkovsneze