Радио Милева брачна хармонија

На Инстаграм се’ e совршено, а еве како изгледаат Вељко и Богдана Ражнатовиќ кога мислат дека никој не ги гледа (фото)

На Инстаграм се’ e совршено, а еве како изгледаат Вељко и Богдана Ражнатовиќ кога мислат дека никој не ги гледа (фото)

Богдана и Вељко Ражнатовиќ се во хармоничен брак веќе пет години. Сепак, во јавноста умерено се објавуваат детали од нивниот живот, иако она што имаме можност да го видиме на мрежите се слики и ситуации од идилично семејство.

Дека врската меѓу Богдана и Вељко Ражнатовиќ е заснована на љубов и почит, секој ден станува се појасна, а во последните неколку интервјуа и објави на мрежите, Вељко се обиде да и стави до знаење на јавноста колку ја сака својата сопруга, која го носи третиот наследник под нејзиното срце…

Пред неколку дена неговата сопруга го прослави својот 28 роденден, а Вељко и приреди прекрасно изненадување во вид на букет рози на кое пишуваше „Те сакам“.

– Среќен ти роденден живот мој, мајко на тигрите – напиша тој.

Таа вечер роднините и приредија мала, интимна роденденска забава на трудницата Богдана, а односот меѓу Вељко и Богдана тогаш стана уште поочигледен.

Имено, брачната двојка Ражнатовиќ била сликана на спонтани фотографии и видеа, додека мислеле дека никој не ги гледа. Размениле прегратки и бакнежи, а бремената сопруга на Вељко Ражнатовиќ постојано се смешкала и станало јасно дека е среќна и заљубена како и првиот ден.

фото:Instagram printscreen/bogdanaraznatoviiic

To top