Радио Милева најблиските не го зборавија...

На годишнината од неговото заминување, на Инстаграм профилот на Зоки – Фаци осамнаа микс од видео моменти и емотивна порака: „Луѓето те сакаа затоа што беше свој без филтри и не се менуваше за никого“ (ВИДЕО)

На годишнината од неговото заминување, на Инстаграм профилот на Зоки – Фаци осамнаа микс од видео моменти и емотивна порака: „Луѓето те сакаа затоа што беше свој без филтри и не се менуваше за никого“ (ВИДЕО)

Времето неосетно минува, лета без да забележиме, па кога во еден момент ќе се свестиме, забележуваме колку вода протекло од некој настан или случка, кои впечатливо се врежале во нашите сеќавања. Тогаш спомените ни се враќаат, а преку фотографиите или видеата или само во мислите се навраќаме најчесто само на убавите моменти. Особено ако тие се поминати со нам драгите личности кои за жал, повеќе не се меѓу нас.

 

Дали саботната задушница случајно се поклопила со сеќавањата на најблиските кои не го заборавија, знаат само оние кои го споделиле миксот од видео моменти и трогателната порака на Инстаграм профилот на познатиот новинар и ТВ водител Зоран Василевски Фаци, од чија смрт помина една година.

Токму на годишнината од неговото прерано заминување, на неговиот Инстаграм осамна видеото и изборот од фотографии постирани од непозната личност (најверојатно неговиот внук), но очигледно нему блиска и со административен пристап до неговиот Инстаграм. На нив Зоки – Фаци и избор од неговите моменти на радост, среќа, задоволство, расположение… Дури и во моментите кога деновите на овој свет му беа избројани. Онаков каков што и самиот беше и каков што и тие и ние сакаме да го паметиме.

Покрај видотот и фотографиите споделен пост со емотивна порака… За сето она што Фаци и покрај сите контроверзи што кружеа за него, тој умееше и знаеше да биде и беше.

А, беше многу повеќе од вујко, беше брат, најдобар пријател, беше најголема поддршка за сите во секоја ситуација…“ – како што се наведува во споделената порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Faci Vasilevski (@zokifaci)

„Една година помина… а чувството е исто.
Да се изгуби човек како тебе значи да се изгуби дел од животот.
Беше многу повеќе од вујко, беше брат, најдобар пријател, беше најголема поддршка за сите во секоја ситуација….

Човек кој знаеше што значи љубов, искреност и другарство.
Несебичен до крај , даваше се од себе за другите, а никогаш ништо не бараше назад.
Го живееше животот со полни гради, без кочници, секогаш со насмевка каков и да ти бил денот ….

Кога нешто не беше во ред , го кажуваше право во лице без маски, без лаги. остар како жилет и затоа сите те почитуваа…..

Крал на таблоидното новинарство, легенда во шоу-бизнисот, човек кој креираше приказни, имиња, и знаеше како се прави спектакл.
Со вистински инстинкт за новитет и најдобар хумор што можеше да осветли и најтемниот ден.
Човек со огромна душа, голем љубител на животните, на дружбите, на убавите моменти.

Лугето те сакаа затоа што беше свои без филтри, и не се менуваше за никого

Царство небесно Зочко“ – стои во постотт полн со емотивни спомени на единствениот Зоки-Фаци!

 

Фото и видео: Инстаграм/zokifaci

 

 

 

 

 

To top