Радио Милева му тргна надолу...

На Аца Лукас му откажаа уште еден настап: Пејачот ужива на иста маса со комадандантот која се бара со потерница за воени злосторства (ВИДЕО)

На Аца Лукас му откажаа уште еден настап: Пејачот ужива на иста маса со комадандантот која се бара со потерница за воени злосторства (ВИДЕО)

На српскиот турбо-фолк пејачот Аца Лукас му беше откажан концертот на Јахорина откако исплива една фотографија на која седи со поранешниот воен командант Насер Ориќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за поранешниот воен командант од регионот Сребреница кој во Србија се бара со потерница за извршени воени злосторства над Србите.

На Инстаграм профилот на Олимпискиот центар Јахорина веднаш се појави соопштение дека на пејачот му е откажан концертот, откако осамна фотографија од Аца Лукас од една кафеана, на која на маса седи во друштво на Насер Ориќ, поранешниот командант на Армијата на Република Босна и Херцеговина на територијата на Сребреница за време на војната во екс Југославија.

Фотографијата, а подоцна и снимката предизвикаа вистинска бура низ целиот регион, а како што објавија медиумите, средбата меѓу Лукас и Ориќ се одржала во познат ресторан во Сараево.

Бидејќи оваа тема беше главна вест во медиумите во текот на денот,  се појавија нови информации, па се дозна дека пејачот Шериф Коњевиќ често седи во споменатиот ресторан во центарот на Сараево, а на видеото  се гледа дека Коњевиќ пеел во кафеаната таа вечер.

Коњевиќ додека пее, Лукас седи на кафеанската маса и ужива во песната. На масата има уште неколку непознати мажи, а лево од него може да се забележи и Ориќ со томпус пура в рака.

Фото: Инстаграм/aleksandar_vuksanovic_official/naser.oric.67/jahorina

Видео: Х/Krofi

To top