Националниот aнсамбл „Танец“ ќе одржи велигденски концерт во Скопје, во Македонската опера и балет на 19-ти април со почеток од 20 часот. Концертот е насловен „Велигден е, Ѓурѓовден е“ и се одржува во годината кога „Танец“ слави 75 години од основањето.
„На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, оркестарот, солистите и играорците, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на пролетта. Ќе се изведат многу вокални и вокално-инструментални точки, како традиционалните напеви „Утре е Света Недела“, „Ѓурѓово лето, пролето“, „Моме оди низ ливада“ и „Старото велигденско оро“, но и живописните кореографски постановки „Ѓурѓовден“, „Мечкарски игри“, „Тресеница“ и „Свадба“, велат од „Танец“.
Концертот ќе биде мултимедијален, а публиката ќе гледа и премиера на новата кореографија „У ливаду“ на авторите Јовица Блажевски и Сашко Митев. Ќе бидат емитувани и тематски видеоинтермеца на етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ, за чија изработка се користени материјали од архивите на МРТ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Музеј на Македонија.
Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ и на: https://kupikarta.com/tickets.nspx?eventid=5583…