Мегафон манифестација

На 13 и 14 јули по 20-ти пат: „Ја сакам Плачковица“

На 13 и 14 јули по 20-ти пат: „Ја сакам Плачковица“

На планината Плачковица в сабота и недела (13 и 14 јули) ќе се одржи 20. манифестација „Ја сакам Плачковица“. Според најавената програма, ќе биде најбогата досега, со голем број планински натпреварувачки дисциплини и дводневен музички фестивал кај планинарскиот дом „Вртешка“.

„Ќе има богата музичка и забавна програма, многу спорт и адреналин, планински авантури, натпревари во качување карпи, влегување во плачковичките пештери, од кои најатрактивни се Ќуп и Голема пештера. Ќе има и детска планинска трка. За сите овие дисциплини веќе се пријавија над 300 учесници. Нѐ радува што на планинската трка за деца има над 50 учесници“, вели еден од организаторите Милорад Ангелов.

Музичката програма ќе започне на 13 јули со настапи на „Три пати на ден“, „Арес брадерс бенд“, Јордан Капа и Душанка и други.

В недела се предвидени планинска трка на 18 километри, планинска трка за деца, натпревар во качување карпи и еколошка акција за сите учесници и посетители. За крај ќе има заедничко следење на финалето на Европското првенство во фудбал на видеобим.

To top