Радио Милева вечно ќе останеш најсакана...

Момчето на Фросина со емотивна Инстаграм објава: Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно да остареме… за правда ќе се борам до последен здив (ВИДЕО)

Момчето на Фросина со емотивна Инстаграм објава: Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно да остареме… за правда ќе се борам до последен здив (ВИДЕО)

Македонија таќна и во исто време гневна  по убиството на младата Фросина Кулакова која несреќно го загуби животот откако беше душмански прегазена на „Партизанска“.

Нејзиното момче Петар Ристов со потресна објава во емотивен статус се огласи на социјалните мрежи.

Тој на својот Инстаграм профил сподели колаж од и заеднички и поединечни видеа и фотографии, па покрај нив  порача дека ќе се бори до последен здив за правдата да биде задоволена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Петар Ристов (@ristov.p)

„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој“ –  напиша тој во објава на својот Инстаграм профил.

 

Фото: Инстаграм/ristov.p

To top