Пејачката Нивес Целзиус се пожали дека ноќта пред важно снимање добила алергиски осип на градите, а на левата града се појавила модринка. Нивес е многу активна на социјалните мрежи, каде што секојдневно објавува провокативни видеа и фотографии.
Нејзините природни, бујни гради, кои хрватската старлета и пејачка гордо ги покажува, речиси секогаш се во преден план. Сепак, сега се нашла во неволја поради нив и веднаш им се пожалила на своите следбеници на Инстаграм.

– Денес снимам нешто во градникот и синоќа добив најодвратен алергиски осип, но тоа не е сè – рече Нивес Целзијус и додаде:
– Имам и модринка на градите, која не можам да ја објаснам. Не знам од каде ми дојде, барем да правев ништо – рече Нивес Целзијус. Таа ги покажа на камерата градите покриени со осип, а потоа ја помести јакната за да се види голема зелена модринка.

Foto: printscreen/instgaram







