Со стил и емоции, модниот бренд MITROFF, основан од Горан Митров и Љупка Митрова, синоќа приреди незаборавен настан, кој засекогаш ќе остане запаметен во модната историја на Македонија.
Во гламурозен амбиент од магичниот ентериер, и под светлата на рефлекторите, MITROFF ги претстави своите модни колекции – креации кои го отелотворуваат софистицираниот стил и безвременската елеганција.
Настанот ги собра на едно место најголемите модни ентузијасти од цела Македонија, во духот на чиста уметност и естетика.
Магијата на вечерта дополнително ја обои извонредниот настап на Викторија Лоба, чиј глас ги освои срцата на публиката, заедно со Љубомир Митровски…
Додека вештото водство на харизматичната Миа Костова ја одржуваше атмосферата на високо ниво.
MITROFF, изграден на соништата и визијата на Љупка и Горан, е повеќе од моден бренд – тој е симбол на префинетост и модна револуција.
Со извонреден број на посетители и аплаузи кои не стивнаа, MITROFF уверено се постави како предводник на идните модни трендови во Македонија и пошироко.
Секој момент, секоја модна приказна, беше оживеана со страст и посветеност, создавајќи настан што инспирира и ќе се прераскажува долго време.
View this post on Instagram
Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии од овој незаборавен моден настан: