Поранешниот капитен на српската кошаркарска репрезентација, Милица Дабовиќ, позираше на плажа во провокативни пози.
Милица Дабовиќ летово одмара во Црна Гора, на Ада Бојана, од каде секојдневно објавува експлицитни фотографии во бикини.
Поранешната кошаркарка ужива да провоцира, а со последната објава отиде чекор понатаму, оставајќи малку луѓе рамнодушни.
Таа позираше на лулашка, во провокативни пози, а облечена во минијатурен костим за капење koj e речиси само врвки.
Да потсетиме, Милица Дабовиќ во големо првомајско интервју за Информер.рс зборуваше за бројни актуелни случувања, а меѓу другото откри и како го заработила првиот хонорар.
-Првите пари од кошарка ги заработив на 20 години. Кога ја добив првата професионална плата, им ја дадов на моите родители, бидејќи тогаш имавме мали примања и сакав да им се заблагодарам за се’ што направија за мене. Тато потоа ми врати дел од таа плата, а јас отидов во трговскиот центар и купив облека за мене и за Ана, кажа тогаш Милица.
фото:instagram printscreen/ stefanovamama13/ milica.dabovic.13