Радио Милева неочекувано сценарио на Гранд

Мики Секуловски ни самиот не веруваше дека изгуби, а противникот кој го натпеја беше уште поголемо изненадување (видео)

Мики Секуловски ни самиот не веруваше дека изгуби, а противникот кој го натпеја беше уште поголемо изненадување (видео)

Наближува 8-ми јуни, денот кога ќе се случи финалето на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Кругот се стеснува, а во него остануваат само најдобрите од оваа сезона меѓу кои засега се’ уште се натпреваруваат Македонците, а меѓу нив Мики Секуловски и Омар Џафероски.

Во најновото издание се случи еден досега невидел, доста јак македонски дуел и тоа меѓу Мики и Омар.

Двајцата се редовна поддршка еден на друг, а овој пат беа ставени во едно поинакво сценарио од кое крајниот исход не го очекуваа ниту двајцата. Па така, откако исоеаја по две песни, шест гласа беа доделени за двајцата. Со ова требаше да испеат уште една во акапела верзија од која тотално изненадување беше дека Мики изгуби, односно Омар го натпеја, а Секуловски го призна поразот и го пофали пријтелот.

-Секогаш се борам како лав и мило ми е што исто така го поттикнав да работи повеќе и да пее уште подобро. Заврши одлична работа, ги испеа сите три песни кои ги изведе брилијантно и навистина ми е драго што продолжи директно – призна Мики.

Иако мораше да бара пласман во следната рунда во плеј-офот, Драган Стојковиќ Босанац и Мили иќ му дадоа големи пофалби на Мики, а тој сега откри колку му значи таквата поддршка.

– Многу ми значи што луѓето во жирито гледаат дека работам на пеење, сценски настап и други работи. Мило ми е што позитивно го забележуваат тоа – нагласи Мики.

Мики во саботната емисија пееше во отсуство на својата менторка Цеца Ражнатовиќ, на чие место дојде Драган Којиќ- Кеба и откри дали му недостасува нејзината поддршка во овој круг.

-Секогаш ми недостига Цеца. Цеца ми е како бензин (се смее). Можеби тоа што ја немаше, а јас сум малку сам, знаеш… Но не, не беше пресудно, но секогаш ми недостига како ментор да ми го каже своето мислење – откри Мики.

– Прекрасно е чувството. Навистина ми се допадна тоа што го направи. Беше навистина добро, одлично – призна Омар.

Се’ на се’ „Гранд“ продукција многу добро знае како да направи возбудливо сценарио, како за гледачите, така и за натпреварувачите. Една емисија ги креваат до небо, а следната ги спуштаат до земја. Оттука треба да биде јасно дека до самиот крај може да се случи пресврт на се’ она што досега сме го слушале како ласкави комплимемни за одреден кандидат, па и обратно. СВо 11 –от круг ги иаме македонските кандидати: Мики Секуловски, Омар Џафероски, Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ.

Настапот на Мики и Омар можете да го глчедате од 2:21

 

фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda

To top