Легендарната македонска група „Меморија“ подготвува нова средба со својата публика. На 23 октомври 2026 година во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, бендот најавува концертен спектакл со песните што со децении се пеат во еден глас.
Од „Нена“ до „Дирлада“, преку „Оган под ѕвездите“ и безвременските балади, вечерта ќе ги спои препознатливиот звук на „Меморија“, спомените на публиката и енергијата на настапот во живо.
На сцената ќе им се придружат и специјални гости, чии имиња ќе бидат откриени наскоро, како дополнување на најавената рокенрол-забава.
За сите што пораснале со нивните песни, но и за оние што допрва ги откриваат, концертот е покана за уште една заедничка вечер со македонскиот рокенрол.
Вратите се отвораат во 20 часот, а влезниците се достапни онлајн преку karti.com.mk.