Некогашната македонска ТВ водителка, а денес најпознатата скопска трендсетерка, Мелита Ракичевиќ неодамна доживеала непријатна ситуација.
Мелита која е позната по љубовта кон животните, откри дека миленичето маче кое го вдомила уште како мало сега и го немало три дена поради што таа се разболела од тага.
Мели сега им се обрати на своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна и покажа како изгледа нејзиниот миленик на кој му подарила љубов и дом.
– Го најдов помал беше од мојата рака. Сега ми го немаше три дена. Јас се разболев го сакам ненормално. Вдомете! – напиша во описот, а на краткото видео откако кажа дека е преубав се пошегува дека се тоа е супер само што сега треба и да менува јастучница.
Мелита нејзините миленици ги чува како во бајка, а во следното видео кое јавно го сподели тие позираа како модели:
„Животот е во слатките моменти“ – додаде таа додека се снимаа заедно во есенската идила надвор во парк .
Екс- водителката често преку социјалните мрежи апелира до своите следбеници доколку сакаат да имаат миленичиња пред се да вдомат и да посвојат, а така со тој начин да помогнат и да спасат нечиј живот.
фото: printscreen/instagram