Поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, Мелина Џиновиќ е видена како пристигнува на настан во Монте Карло возејќи луксузно Бентли.
Мелина Џиновиќ блесна во бел фустан со асиметричен крој и сребрени детали, додека целиот изглед го заокружи со чанта од брендот Булгари, чија цена е неверојатни 3.700 евра.
По пристигнувањето на паркингот, Мелина зачекори во еден од најлуксузните хотели на Азурниот брег, каде присуствуваше на вечера во друштво на милионери.
Да потсетиме дека Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година и имаа две деца, синот Кан и ќерката Џина.
Тие се венчаа 12 години подоцна, а се разведоа во март минатата година.
фото: printscreen/instgaram/TikTok