Радио Милева убава и жешка

Мелина Џиновиќ ја објави првата приватна фотографија од Монако:  Поранешната на Харис блеска во мини здолниште, еве кој и прави друштво (фото)

Мелина Џиновиќ ја објави првата приватна фотографија од Монако:  Поранешната на Харис блеска во мини здолниште, еве кој и прави друштво (фото)

Мелина Џиновиќ за прв пат по разводот со Харис Џиновиќ објави приватна фотографија на социјалните мрежи со ќерката Џина.

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ по разводот со пејачот Харис Џиновиќ поголемиот дел од времето го поминува во Монте Карло, а сега таму ја посети нивната ќерка Џина, која повеќе време поминува со мајка си откако се распадна бракот на нејзините родители.

Иако претходно Мелина не беше активна на социјалните мрежи, сега на Инстаграм сподели фотографија од Монако со наследничката.

Џина често споделува фотографии на социјалните мрежи со Мелина и нагласува колку е убава и жешка нејзината мајка.

Мелина одржа ревија за својот бренд, по што се фотографираше со својата ќерка. Двете позираа заедно, а поранешната сопруга на Харис ги воодушеви своите следбеници со карирана облека – јакна и мини здолниште, кои ги истакнаа нејзините извајани нозе, додека Џина носеше тесен бел фустан.

Да потсетиме дека Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година и имаа две деца, синот Кан и ќерката Џина, а се венчаа 12 години подоцна. Веста за разводот шокираше многумина, а модниот креатор сe уште не се изјаснил за тоа.

фото: printscreen/instgaram

To top