Од разводот со Харис Џиновиќ, модната дизајнерка вешто ги избегнува медиумите, но екипата на „Папарацо лов“ успеа да ја сними и тоа во сообраќаен прекршок.
Од моментот кога како бомба пукна веста дека Мелина и Харис се разведуваат по 22 години брак, дизајнерката не даваше никакви изјави ниту можеше да се види на јавни настани.
Додека Харис со медиумите ја споделуваше својата страна од приказната, Мелина реши да не зборува за својот брачен живот и за поранешниот партнер во јавноста, па се повлече во медиумска илегала.
Сепак, екипата на „Папарацо лов“ успеала да ја сними Мелина Џиновиќ додека таа со својот скап автомобил ги прекршувала сообраќајните правила.
Па така прво поминала на црвено светло. Потоа го фрлила ѓубрето низ прозорецот во контејнер, а потоа го паркирала на сред улица.
Модната дизајнерка се нашла во кафуле со своите пријателки, со кои лежерно уживала во кафето, иако нејзиниот автомобил бил непрописно паркиран.
Снимана е и пред нејзиниот бутик, каде ноншалантно пуши пура.
Екипата на „Папарацо лов“ била и пред домот на Харис Џиновиќ, кој со синот прво гледал нешто околу својот автомобил, а потоа Кан излегол на улица само во бањарка и влечки и разговарал со пријателите.
фото: printskrin/instgaram/Paparazzo lov