Гитаристот на братското дуо „Некст тајм“, Мартин Филиповски пред една недела објави дека неговата ќеркичка Лиана го прославила првиот роденден. Мартин, заедно со сопругата Андреа Белеска направија фотосесија со славеничката, а музичарот тогаш напиша: „Една година бескрајна среќа“.

Па така, откако поминаа 12 месеци, токму по една недела, Мартин повторно се огласи но со нов повод: Лиана ги направи првите чекорчиња.
– Лесни чекорчиња шеќеру, да те однесат на најспокојните места на светот – кажа тато Мартин.

Семејството било прескреќно, а за убавиот момент гордо слоделија на Инстаграм, пред следбениците.

Среќните родители веќе се најдоа пред нова фаза од растењето на ќеркичката, која сега забрзано ќе тргне во спознавање на околината.

Инаку, Мартин и Андреа, се венчаа во јуни 2023 година, а во јули годинава организираа крштевка за ќеркичката во црквата „Свети Јован Крстител“ во Скопје.

Foto: Print screen/Instagram/martin_filipovski




