Радио Милева одлука

Марија Шерифовиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“ – по една деценија повеќе нема да биде член на жирито

Марија Шерифовиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“ – по една деценија повеќе нема да биде член на жирито

Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ со години е дел од жирито на популарното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а како што неофицијално дознаваат медиумите, таа одлучила од следната сезона повеќе да не биде дел од жирито.

Марија Шерифовиќ повеќе пати изјавуваше дека станала дел од ова музичко натпреварување по наговор на Саша Поповиќ. По неговата смрт, таа донесе одлука повеќе да не биде дел од ова музичко натпреварување по 10 години.

Инаку, Марија Шерифовиќ веќе еднаш сакаше да го напушти „Ѕвездите на Гранд“, но на инсистирање на Саша Поповиќ, таа одлучи да остане на ова музичко натпреварување.

foto:printecreen/instagram/zvezdegranda

To top