Марија Луиса Тодоровска е дефинитивно скандал дама. И тогаш кога тоа заради публицитет осмислено и намерно го прави, ама и тогаш кога случано некаде ќе се појави.
Деновив пејачката со својот брат престјува во Белгија. приватно, на гости, кај роднини, пријатели или сао онака туристички на шетање, сосема е сеедно.
Преку ден онака, кежуал… По патичиња, маичка и тексас шорцеви, за прошетка по градските улици или возење со чун по река. И за по некој тежок збор кога е нервозна што од устата и навира, ама среќа што во чунот македонскиот никој не го разбира… Освен неа и нејзината екипа.
Затоа пак, она што сите го рабираат е она што очите можат да го видат. А сексапилната битолчанка и овој пат, случајно или сосема не намерно предизвика возбудлива реакција во една необична ситуација.
Веројатно претходно дотерана за во ресторан, Марија Луиса во истиот секси аутфит влезе и во божјиот храм.
„Скоцкана“ од глава до петици, во бела маичка, високи штикли и проѕирен минич од црна тантела под кој јасно се гледа долната облека… Во црни гаќички и голема модерна црна шапка на главата, со сигурен чекор заводливата битолчанка чекореше низ катедралата.
Иако катедралата не беше баш и преполна, пејачката не остана незабележана. Дури и повеќе од тоа… Еден од верниците откако ја виде остана стаписан, па наместо кон олтарот, се заврте и тргна по неа како шашардисан! Како и не би, кога од она што го здогледа вилицата се кочи, зашто ваквата возбудлива глетка е празник за очи!
Е сега, ако овој чин се смета за богохулие, заради она во што верникот се загледа, веројатно подоцна ќе оди да се исповеда!
А Марија Луиса и да сторила грев, ќе се искупи… Дали со апстиненција или со пости… Зашто добро знае дека нема грев, што Бог нема да и го прости!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska