Радио Милева блесок и паника

Македонците во новата тура на „Ѕвездите на Гранд“ со различна оценка: Гевгеличанецот Кристијан ги собра аплаузите како по навика, кумановката Ана Марија „се извлече“, откако претходно „се загуби“ во сопствената трема и паника (ВИДЕО)

Македонците во новата тура на „Ѕвездите на Гранд“ со различна оценка: Гевгеличанецот Кристијан ги собра аплаузите како по навика, кумановката Ана Марија „се извлече“, откако претходно „се загуби“ во сопствената трема и паника (ВИДЕО)

Новото издание на  „Ѕвездите на Гранд“ донесе нови возбудувања, откри нови таленти, понуди идни музички ѕвезди, меѓу кои и двајца Македонци. Поточно, еден Македонец и една Македонка кои имаа различни настапи при својата музичка авантура во новата тура на најпопуларното регионално музичко талент шоу.

Прв од нив двајцата настапи гевгеличанецот Кристијан Марковски кој сос својот сигурен настап и беспрекорната изведба ги воодушеви сите во „Ѕвездите на Гранд“-  и публиката и што е најважно жирито од кое доби пет гласови. Цеца беше една од оние што гласаа за него и беше воодушевена од неговиот перформанс.

Според неа Кристијан има сé за да биде идна ѕвезда, па пејачката максимално уживаше во неговата извонредна интерпретација. Вики Миљковиќ и Ѓорѓе Давид исто така му го дадоа својот глас, при тоа рокерот вака го искоментира настапот на нашиот кандидат:

„Изгледаш како некој италијански актер од 70-те години, сценски изгледаш одлично, првиот услов го задоволи. Песната ја изведе со леснотија иако мислев дека ќе се испокршиш, а потоа втората песна каде има уште повеќе високи тонови, ти едноставно брилираше. Блазе си му на оној што ќе ги избереш за свој ментор“ –  му се обрати рокерот, по што Кристијан кога дојде моментот, го избра са авој ментор.

Инаку ова е второ учество на Кристијан Марковски откако беше дел од оваа натпреварување во сезоната 2019/2020. Тој овј пат настапи со песните „Ноќ ми те дугује“ од Здравко Чолиќ и „Сто кафана“ од Мирза Селимовиќ.

Втората натпреварувачка од Македонија, беше 23 годишната Ана Марија Илиевска од Куманово, која за разлика од Кристијан баш и не се прослави со својот настап. Не дека лошо ги изведе своите одбрани песни, но  за разлика од Кристијан кој ги собра аплаузите како по навика, кумановката Ана Марија „се извлече“, откако претходно „се загуби“ во сопствената трема и паника.

При тоа на погрешно место влезе со пеење во вториот дел на песната, па збунета застана, но на повиците од жирито да продолжи, таа тоа го стори и некако ја истурка целата песна до крај.

И покрај тремата и грешката, кумановката доби три гласа, што беа доволни за да оди натаму. Вики, Цеца и Мили го притиснаа тастерот со ДА за неа, како што самите рекоа, најногу заради храброста и борбеноста на младата натпреварувачка, но и заради тоа што видоа нешто, некој потенцијал во неа, кој во иднина Ана Марија ќе мора да го оправда!

Таа за свој ментор ја избра Цеца, а жирито како по обичај имаше „бурна дискусија“ меѓу себе дали кумановката заслужи да оди понатаму или не?!

Во продолжение погледнете ја целата емисија уште еднаш, сосе  настапите на Кристијан кој моментално е еден од најголемите фаворити од Македонија во шоуто и оној со несигурниот настап на Ана Марија, која ќе мора да ги надмине тремата и паниката ако сака далеку да дотурка.

Фото и видео:  YouTube  принтскрин/Zvezde Granda – Cela Emisija 11 – ZG 2024/25 – 21.12.2024.

To top