Македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски Иџе, преку своите кратки приказни на Инстаграм, им откри на обожавателите дека бил специјален гостин на Македонска вечер во Швајцарија.

На покана од Македонското швајцарско друштво „Пирок“, Иџе доживеал незаборавни мигови исполнети со дружење, македонска музика и силна позитивна енергија од дијаспората. Во својата објава, Игор изрази голема благодарност до организаторите и до сите Македонци кои го направиле овој настан толку посебен.

„Преубава Македонска вечер во Швајцарија! Имав голема чест да бидам специјален гостин на овој прекрасен настан. Кога далеку од татковината ќе го почувствуваш македонското срце како чука силно – обединето, гордо и полно со љубов“, напиша шампионот.
View this post on Instagram
Иџе познат како автомобилски возач кој без резерва ги споделува највозбудливите моменти од својата кариера, како и дел од приватниот живот, уште еднаш ги израдува своите следбеници со искрени чувства и гордост за своето потекло. Фановите и поддржувачите покрај пофалби ја наполнија Инстаграм-објавата со позитивни коментари и пораки на поддршка, што уште еднаш го потврдува статусот на Игор Стефановски како вистинска спортска и национална инспирација.
Foto: Print screen/Instagram/igor_stefanovski_idze



