Во последното издание од регионалното музичко талент шоу за возрасни „Никогаш не е доцна“, двајца Македонци имаа музички дуел во кој никого не оставија рамнодушен. Обајцата речиси цел живот се занимаваат со музика, а на своите претходни настапи во шоуто беа исто така брилијантни.
Според многумина, Кире Науновски од Свети Николе и Тони Тушев од Тетово се едни од најдобрите вокали во годинешниот натпревар кои за жал, мораа да се сретнат меѓусебе во своевиден „музички двобој“ по кој само еден отиде директно понатаму во следниот круг.
Кире се престави со песна од Маринко Роквиќ, „Да волим другу не могу“, изведба која посебно ѝ се допадна на пејачката Милица Тодоровиќ која беше дел од жирито во ова издание.
„Така е Кире, така се пее, тоа е Македонија“, му се обрати воодушевено таа, а Маре само додаде дека ова е прекрасно сеќавање на покојниот Роквиќ.
Но и покрај генијалната интерпретација на Кире, тоа воопшто не влијаеше на Тони кој исто така беше одличен на сцената.
Тој со традиционалната македонска песна „Море сокол пие“ исто така ја воодушеви Милица, а начинот на кој ја изведе оваа позната песна никого не ги остави рамнодушни ни останатите, како ни публиката во студиото.
„Ау, ама ќе му биде тешко на жирито вечерва, коментираше Драгана Катиќ, а потоа Милица прва го коментираше настапот на Тони:
„Некако и двајцата бевте во своите најдобри изданија и со тоа докажавте дека Македонија има огромен број добри пејачи на така мал број жители. Секоја чест, ќе ја имаме најтешката задача вечерва“, се надоврза Маре.
И навистина до самиот крај беше неизвесно, кога Бане, оркестарот и публиката гласаа за Кире, додека Милица и Маре своите гласови му ги дадоа на Тони.
Со ова Кире помина во следниот круг, додека Тони заврши во баражот, каде заедно со уште двајца кандидати преку Фејсбук гласање се бори да помине во следниот круг.
За пејачот од Македонија да продолжи во следниот круг, гласајте за него на линкот ТУКА.
Гласањето трае до вечерва (вторник, 11.03.2025) на полноќ, па само од вашите гласови зависи кој повторно ќе се појави на сцената. Според моменталната ситуација шансите на Тони се големми и реални тој да биде победник во баражот.
Погледнете ја целата емисија, во која настапите на нашите учесници започнуваат на 1 час и 16 минути (1:16)…
Фото и видео: Јутјуб/Nikad Nije Kasno – Cela emisija (25 – 09.03.2025)