Ако некој знае да ужива во парите од фамилијата, тоа е несомнено Љупка Митрова. Струмичкиот модел и инфлуенсерка и ова лето тоа го прави и тоа „за сите пари“ на најегзотичните светски морски дестинации и најубавите европски градски локации.
Од Грчките острови до Малдиви, од Венција до Виена, атрактивната убавица не престанува да се шета, шопингува и забавува.
По „несреќната“ љубовна романса со „Големиот брат“, Љупка ја крие љубовта како „змија нозете“… Или барем љубоморно ја чува за себе како „баба пензијата“ и со неа беспотребно јавно не се расфрла, како што тоа го правеше порано, кога немаше ден да нема споделено понекоја „љубовна фото поза“… И за празник и за делник со „кумановскиот заводник“, врска од која струмичката убавица веројатно извлече голема поука, дека животот е еден и во него треба „со полни гради да се ужива“!
Љупка последниве години тоа и го прави, но дали уживањето по сите основи со некого и го споделува, никако не открива. И веројатно како реализирана жена и мајка, за тоа нема потреба, зашто потребите за било кој облик на уживање секогаш се послатки кога се дискретни… Без јавно откривање, барем кога се во прашање оние – љубовните.
Затоа пак шопинг манијата, хедонизмот, луксузот и потребата од постојани патувања, се оние видливи изненадувања кои сексапилниот модел и инфлуенсерка максимално и ги приредува на јавноста тоа редовно… Па дури некогаш и прекумерно.
Социјалните мрежи и нејзините профили се идеално место за споделување на моментите на среќа кои животот го сочинуваат, а останатите ги опчинуваат. Впрочем, споделувањето на она што се може и има, го билда егото и женската самодоверба.
Токму затоа во последната Инстаграм објава, Љупка Митрова ги споделила своите летни вибрации. Како сирена во островскиот рај, расната убавица се расфрла со својот телесен раскош на песочниот брег, под сончевиот сјај.
Само во мини танга бикини, Љупка ја споделила сета своја убавина со која природата ја надарила, а естеската хирургија ја надградила.
Раскошна, расна, стројна и бујна, со силиконски гради за медал и извајна секси задница, во која нема кој долго не би гледал, струмичанката онака влажна и пожелна, ги дразни сите сетила.
Особено нејзиниот „лежечки топлес танц на брегот“ буди таква возбуда, што нема вистински маж кој не мечтае и не копнее, сам на пуст остров со неа да е!
И додека струмичката инфлуенсерка онака полугола, топлес во плиткото како риба на суво се прпелка, нема кој не посакува да е бран што ќе ја заплисне… и по цело тело испрска!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova