Радио Милева би згрижила сè

 Луна Ѓогани проговори за родителството – Призна дека ќе посвои дете (фото) 

 Луна Ѓогани проговори за родителството – Призна дека ќе посвои дете (фото) 

Јутјуберката Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се родители на две девојчиња, а поранешната ријалити учесничка еднаш проговори за посвојување деца, а сега откри дека таа желба сè уште не ја напуштила.


Имено, Луна, гостувајќи во една емисија, зборуваше за своето семејство и се осврна и на темата за посвојување.

„Мојата прва ќерка одлично ја прифати својата сестра. И таа е мала, прилично е посесивна, сака внимание, но ја прифати многу убаво, постојано е со неа. Дури и ја храни, ѝ пее… Добро е што Лана не се жали. Навистина сум среќна што има таков однос кон неа“, изјави Луна своевремено.

Луна одговори и на прашањето дали некогаш би посвоила дете.

„Кога би можела и кога би имала услови, можеби би посвоила дете. Би сакала да им помогнам на сите, на сите деца во светот, исто така би ги згрижила и сите животни. Некогаш си мислам, кога би имала голема куќа, би згрижила сè“, изјави Луна во едно интервју, а сега откри дека таа желба сè уште ја има.

„Секако, доколку имам услови и во договор со сопругот, би сакала да му помогнам на некого и да му овозможам живот каков што заслужува“. Анабела и Гаѓи Ѓогани, родителите на Луна, отсекогаш ѝ биле поддршка, а вака реагирале на приновата:

„Мама и тато полудеа по Лана. Мама еднаш ми рече: „Боже, како сега ќе можам да ја поделам оваа љубов што ја имам кон Миa?“ Но, штом ја видоа, веднаш се заљубија во неа и ја засакаа бескрајно“, заклучи Луна во емисијата „Премиера викенд специјал“.

фото: printscreen/instgaram

To top