Живот и стил

Лиснат леб со бел лук: Подобро пециво не сте пробале

Лиснат леб со бел лук: Подобро пециво не сте пробале

Потребно е:

За тестото

375 гр брашно
1 сув квасец
1 лажичка шеќер
30 гр путер
1 јајце
1 лажичка сол
120 мл млеко
60 ml вода

За премачкувањето

цела главица лук
150 гр путер
2 супени лажици маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:

Во фолија се става лукот и се пече половина час на 180 степени. Во топло млеко и вода растворете една лажичка шеќер, додадете го квасецот и оставете да нарасне. Измешајте ги сувите состојки, додадете го додадениот квасец, растопениот путер и јајцето, замесете тесто. Оставете го да одмори половина час. Во омекнатиот путер додадете го лукот што сте го исцедиле од мембраната, па сè убаво измешајте. Расукајте го тестото, намачкајте го со путер и исечете го на ленти. Ставете ги лентите една врз друга, па исечете ги на парчиња и наредете ги во тавата за леб, една до друга. Се пече на 200 степени околу половина час.

Извор: Попара

To top