Оддамна не тајна дека Лила Филиповска и презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе Јовановски попознат како Спасе – Рола се блиски пријатели. Па дури и повеќе од тоа, зашто Лила речиси секаде каде што оди и патува Спасе ја придружува. Едни го нарекуваат нејзин асистент, други со малку повеќе злоба велат дека и е момок или по скопски „потрчко“, но како и да е, релацијата на Спасе и Лила засега е нараскинлива.

До душа Рола неретко знае „до бола да ја извади од штикли“ својата блиска пријателка, ама тоа е онака само на шега, чисто заради заради забава. Кога веќе до сега не се „шлогирала“ и отсега нема, зашто веќе го научила, па ништо не може од него да ја изненади, па дури и неговите „од нигде-никаде“ ненадејни препади.
View this post on Instagram
Но, Спасе освен умешноста во презентацијата на временската прогноза и распаметувањето на Лила, очигледно има и други, скриени квалитети и тоа уметнички. Или подобро кажано – литературни!
Животот пишува романи, а Спасе – Рола пишува поезија… Потоа Лила неговите песни јавно ги споделува.

И ова не е никаква шега, зашто Лила јавно откри дека нејзиниот колега од ТВ Сител, Спасе – Рола не е само „временски пророк“, туку и поет на проклетието… И тоа ова нашево, македонско.

Имено, Спасе својата поетска инспирација ја пронашол во секојдневната македонска ситуација во која поетот препознал дека царуваат зависта, злобата, лицемерието, љубомората… Или едноставно речено, проклетието во секојдневието!

Песната била негова авторска или само пренесена сеедно, едно е сигурно: Она што таа го содржи, на поетот му дава полно право тоа да го тврди. Та имала уметничка вредност или не, во себе нејзините стихови се крие една суштинска вистина: „Ќе се изедеме меѓу себе, а никој нема да се најаде“!
Фото и видео: Инстаграм/rolladobolla and lilafilipovska



