Радио Милева на разделба со песна

Лидија Кочовска го откри она што само малкумина го знаат: „Во Хрватска пеев на разводи, ама не и на сопствениот, иако бев мажена за Хрват, а тој брак кратко траеше“ (ВИДЕО)

Лидија Кочовска го откри она што само малкумина го знаат: „Во Хрватска пеев на разводи, ама не и на сопствениот, иако бев мажена за Хрват, а тој брак кратко траеше“ (ВИДЕО)

За Лидија Кочовска уште од нејзината прва појава беше јасно дека се работи за еден од најдобрите македонски вокали што некогаш се појавиле на овие простори. Како и не би била кога генот си го направил своето, ако се знае чија ќерка и сетра е. нејзината покојна мајка Невена, заедно со татко и Панче се македонски пејачки и музички легенди кои со нивната група „Мањифико“ го обиколија светот, сестра и Тања, ем актерка ем врвен вокал, како и самата таа.

За жал, Лидија пред неколку години се повлече од естрадниот живот, иако не сосема. Тогаш изјави дека естрадата  ваква каква што е не ја заслужува и затоа бира каде ќе пее.

„Јас цело време пеам, но бирам каде. Фестивалите не ме заслужуваат, после мојот последен настап на „Макфест“ решив да се повлечам и фестивалската сцена да им ја препуштам на младите, искрена изјави Лидија во 2018 година. Кочовска е најпозната по евергрините „Што те нема“, „Ти си тој“, „Доволно луд“.. Вработена е во хорот на Македонската опера и балет и се’ помалку ја има на јавната сцена, но често пее на приватни прослави.

 

Од друга страна, кога станува збор за нејзиниот приватен живот, пејачката не спшоделувала никогаш многу детали. Особено не по неуспешната „брачна авантура“  од пред речиси две децении на која во последното гостување во поткастот „Равенка за успех“ ка ј водителката Маја Поцевска, Кочовска ја потсети јавноста на тие времиња, но и на необичните обичаи кои во Хрватска се вооббичаена практика. Зашто она што кај нас е на пример, „моминска или момачка вечер“, таму е денот на разводот!

„Бев мажена за Хрват и тој брак после кратко време, неполна година престана да функционира. Не пеев на сопствениот, но после разводот всушност дознав дека таму е традиција да се пее на разводи! Можеби требаше да си пејам на сопствениот! Таму тоа е нормално… Има многу разводи и многу журки по тој повод!“ – кажа Кочовска која уште претходно во едно свое интервју каде  ја раскажа оваа приказна за времето кога живееше и работеше во Хрватска, а тоа е период од 5-6 години, кога настапувала на многу необични настани, прослави по повод разводите.

 

„Првиот пат мене ме викна една екипа, за да дојдам на настап. „Лидија, имаме настан во тој и тој трговски центар, на тој и тој спрат, во тој и тој локал“, се присети тогаш Кочовска.

Кога заминала во локалот каде што требала да пее, видела девојки облечени како зајчици, во исти маички, и помислила дека ќе пее на моминска вечер.

„Згодни девојчиња, убавици. И јас велам: Ајде, нека е со среќа! И девојката ме гледа и ми вели: Благодарам, но не и на твоја глава! Ѝ велам: Зошто?

Не знам дали знаете, ама јас се разведувам“ – се присети Лидија, и раскажа дека ѝ бил чуден моментот што не ѝ кажале на каков настан е повикана да пее.

„Бев и насмеана и расплакана. Не знаеш како да реагираш во моментот. Е, после кога влегов во „штос“, чудно ми беше свадби да пеам“ – изјави Лидија низ смеа, и се присети дека пеела на околу 30-тина такви забави за разводи кои ги организирале и мажи и жени.

Најинтересен момент според неа што на некои од забавите по повод разводите се спојуваат друштвата на поранешните сопружници, таа со нејзините другарки, а тој со неговите другари и во Хрватска тоа е нормално – го сподели своето искуство уште тогаш Кочовска за Еспресо.

Што се однесува до нејзиниот брак во Хрватска, да потсетиме дека Лидија Кочовска беше во брак со бившиот сопруг, Слободан Божиќ. На 17 декември 2005 се регистрираше во Матичната служба во Карловац, Хрватска, по што ќе следувала свечена вечера, пишуваше тогашниот Утрински весник, а по неполна година се развеле како што сега во поткастот објасни и самата Лидија Кочовска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

Фото и видео: Инстаграм/lidijamagnifico

To top